Дома Останати Кошарка НБА потврди нов формат за Ол-Стар натпреварот. Еве како ќе изгледа

НБА потврди нов формат за Ол-Стар натпреварот. Еве како ќе изгледа

НБА и Здружението на играчи (NBPA) воведуваат нов, иновативен формат за Ол-Стар натпреварот во 2026 година, кој за првпат ќе биде дуел меѓу САД и остатокот од светот. Овој годишен кошаркарски спектакл ќе се одржи во недела, на 15 февруари, во Интуит Доум во Инглвуд, домашниот терен на ЛА Клипeрс.

На Ол-Стар натпреварот во 2026 ќе уживаме во мини-турнир каде што ќе учествуваат две екипи составени од американски играчи и една интернационална екипа. Турниот ќе биде организиран по принципот секој против секого, и ќе се состои од четири натпревари со времетраење од 12 минути. Секоја од трите екипи ќе има најмалку осум играчи.

Избор на играчи

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како и досега, ќе бидат избрани 24 Ол-Стар играчи, по 12 од секоја конференција. Петорките ќе се избираат од страна на фановите (50% од гласовите), активните НБА играчи (25%) и медиумите (25%), додека седумте резерви од секоја конференција ќе ги одредуваат главните тренери.

Новo е тоа што оваа година изборот на играчи нема да зависи од нивната позиција. Како ќе се распределат избраните американски играчи во двете екипи, ќе биде објавено накнадно.

Што ако нема доволно играчи?

Ако гласањето не резултира со потребните 16 американски и осум меѓународни играчи, комесарот на НБА, Адам Силвер, ќе има овластување да избере дополнителни играчи за да ги пополни екипите до зададениот минимум. Ова значи дека во таков случај, некоја од екипите може да има и повеќе од осум играчи.

Структура на турнирот

Турнирот ќе се одвива во неколку фази. Во првата фаза, ќе играат Екотим А и Екотим Б. Победникот од овој дуел ќе оди на вториот натпревар против Екотим Ц, додека поразениот од првиот дуел ќе се соочи со Екотим Ц во третиот натпревар.

Откако секоја екипа ќе ги одигра своите натпревари, двете екипи со најдобар учинок ќе се сретнат во финалето. Доколку се случи сите три екипи да завршат со исти победи и порази, финалистите ќе се одредат според кош-разликата од одиграните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Joкиќ со моќна игра го водеше Денвер до триумф, малку му недостигаше за нов трипл-дабл (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше најдобриот играч на Денвер на теренот и со да…