
Легендарниот кошаркар и тренер во НБА, Лени Вилкенс, почина на возраст од 89 години.
Неговото семејство ја сподели тажната вест, без да открие што ја предизвика смртта на еден од најголемите играчи во историјата на НБА лигата.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Вилкенс беше именуван трипати во Куќата на кошаркарските легенди: како играч, како тренер, и како дел од тимот „Dream Team“ од 1992 година, каде беше помошник на Чак Дејли.
Во играчката кариера од 1960 до 1975 година, Вилкенс се истакна како еден од најдобрите плејмејкери на своето време. Во своите настапи за Сент Луис Хокси, Сијетл Суперсоникси, Кливленд Кавалирси и Портланд Трејл Блејзерси, тој имаше просек од 16,5 поени и 6,7 асистенции.
Тренерската кариера ја започна уште за време на својата играчка кариера во 1969 година како играч-тренер на Сиетл, па и Портланд.
Супер Скај Поинт за Лени Вилкенс, првото лице што беше именувано во Куќата на славните трипати (како играч, тренер и помошник на Dream Team). Но, најмногу го ценам како легенда на Сиетл Суперсоникс и човекот што ги водеше до титула во ‘79. О, да, и можеше да се облече отмено. #RIP pic.twitter.com/DeAlUbkJJt
— Super 70s Sports (@Super70sSports) 10 ноември 2025
Подоцна ги водеше и екипите на Кливленд, Атланта, Торонто и Њујорк, но најголемиот успех го постигна во 1979 година кога со Сиетл го освои НБА првенството.
За време на својата тренерска кариера, Вилкенс водеше вкупно 2.487 натпревари во НБА лигата, што сеуште преставува рекорд во најсилната лига на светот.
Покрај тоа што беше дел од стручниот штаб на „Dream Team“ во 1992 година како помошник тренер, како главен тренер ја предводеше репрезентацијата на САД до златен медал на Олимписките игри во Атланта во 1996 година.
Во 1996 година, Вилкенс доби единствено признание како еден од најдобрите 50 играчи и 10 најдобри тренери во историјата на НБА.