Дома Фудбал Панчев: Македонија напредува и би било феноменално да игра на СП, дај Боже да се случи тоа!

Панчев: Македонија напредува и би било феноменално да игра на СП, дај Боже да се случи тоа!

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервју за српскиот весник „Дневни спортски лист – Спорт“ зборуваше за повеќе теми, меѓу кои и за настапите на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство.

Панчев истакна дека Македонија покажува континуитет во добрите резултати и изрази надеж дека селекцијата конечно ќе се избори за историски пласман на Мундијал.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„По овие квалификации, Македонија ќе игра бараж, што е резултат на стабилните настапи досега. Имаме реални можности да ја завршиме групата дури и на второто место зад Белгија и Велс. Репрезентацијата напредува веќе седум-осум години и би било прекрасно тоа да продолжи. Би било навистина феноменално Македонија првпат да се пласира на Светско првенство – дај Боже да се случи тоа“, рече Панчев.

До крајот на квалификациите, Македонија ја очекува само уште еден натпревар – гостување против Велс во Кардиф на 18 ноември. Нашиот национален тим има три бода повеќе од Велс, но и еден одигран меч помалку. На 15 ноември, Велшаните ќе гостуваат кај Лихтенштајн, а за Македонија е важно тие да не победат со повеќе од пет гола разлика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс „пукна“ петарда со Шкупи, младинците на „лавовите“ „изгореа“ во Тетово – два натпревари 15 гола! (Видео)

Во денешното коло од Првата македонска фудбалска лига беа одиграни два натпревари, на кои …