Дома Останати Тенис Вакво нешто не можеше да се замисли: Српска телевизија го нарече Ѓоковиќ „пропаднат тенисер“! (Видео)

Вакво нешто не можеше да се замисли: Српска телевизија го нарече Ѓоковиќ „пропаднат тенисер“! (Видео)

Најуспешниот тенисер во историјата и најголем српски спортист на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, стана мета на медиумите близу до власта, откако неколку пати ја изрази својата поддршка за студентите кои со месеци протестираат против политиката на Александар Вучиќ.

На почетокот на годината, откако Ѓоковиќ преку социјалните медиуми прати порака за поддршка на студентите, некои провладински медиуми реагираа со бојкот, па неколку дена не ги објавуваа вестите за неговите натпревари и резултати.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Меѓутоа, бојкотот не траеше долго.

Наскоро, Ѓоковиќ ја одбележа годишнината од трагичниот настан во Нови Сад, кога на 1 ноември минатата година, при рушење на надстрешница, загинаа 16 лица. На Инстаграм објави неколку стори, меѓу кои и фотографија со имињата на сите загинати.

Додека медиумите блиски до власта ги пренесоа првите две објави, третата целосно ја игнорираа, на неа се наоѓаше фотографија од протестите во Нови Сад каде демонстрантите носеа макета на Ѓоковиќ како симбол на неговата поддршка.

Додатно масло на огнот налеа настапот на уредникот на таблоидот Информер, Драган Вучиќевиќ, на истоимената телевизија, позната како една од најблиските до власта. Вучиќевиќ во емисијата го нарече Ѓоковиќ “пропаднат тенисер”.

Овој потег предизвика бројни осуди на социјалните медиуми каде мнозинството застана на страна на најдобриот српски спортист на сите времиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ: Оставете ме на мир!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно негативно одговори на тврдењата дека размислува за…