Дома Фудбал Рапер го навреди Мбапе, Французинот брзо му одговори: Ме молеше да те пуштам на стадион!

Рапер го навреди Мбапе, Французинот брзо му одговори: Ме молеше да те пуштам на стадион!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е во центарот на вниманието во француската јавност поради конфликт со локален рапер од Кан.

Раперот кој се претставува под псевдонимот Орелсан, во песна од албум што го издаде оваа недела, го критикува Мбапе, велејќи дека напаѓачот на Реал Мадрид ќе го уништи градот Кан.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Минатата година Кан испадна од Втората лига на Франција и сега тешко се бори во Третата, каде што е на 10. место од 17 екипи, а раперот во текстот тврди: “Ќе го уништите овој град како што тоа го прави Мбапе”.

Мбапе брзо реагираше на социјалните мрежи на повикот на раперот, нагласувајќи дека во минатото тој го молел да го пушти бесплатно на стадионот за да гледа натпревар. Тој додаде и дека “нема ни цент”.

“Спасувај го градот кој го сакаш толку многу, Орелсане. ПС: Овој човек не направи ништо освен што не молеше да го пуштиме без да плати, бидејќи нема цент во џебот, а сака да биде сликата на вистинскиот дечко од Нормандија”, остро одговори напаѓачот на Реал Мадрид и капитен на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лихт е херој на „ѓаволите“ – погоди во 96. минута за реми против Тотнем (Видео)

Возбудлива завршница во Лондон – Манчестер јунајтед извлече бод против Тотнем благодарение…