Дома Останати Ракомет Вардар слави 65. роденден, претстави ново лого! (Фото)

Вардар слави 65. роденден, претстави ново лого! (Фото)

Екипатна Вардар 1961 годинава одбележува значаен јубилеј – 65 години постоење. По тој повод, управата на „црвено-црните“ промовираше ново официјално лого, инспирирано од богатата историја и трофејното минато на клубот. Новиот симбол ќе го краси дресот на двократниот европски шампион до крајот на оваа јубилејна сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од клубот порачуваат дека логото претставува почит кон сите играчи, тренери, спортски работници и навивачи кои низ изминатите шест и пол децении ја испишуваа црвено-црната приказна – симбол на страст, борбеност и традиција што продолжува да живее.

Вардарци ги повикуваат своите навивачи масовно да го прослават јубилејот на дербито против Алкалоид, кое ќе се одигра во недела во салата „Јане Сандански“ со почеток во 18:30 часот. Билетите се достапни онлајн и на билетарницата пред салата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар ги дозна можните ривали во групната фаза на ЛШ

Ракометниот клуб Вардар ќе ја очекува ждрепката за новата сезона во Лигата на шампиони од …