Дома Фудбал Компани подготвува голем трансфер, Баерн веќе стапил во контакт со играч на Ливерпул

Компани подготвува голем трансфер, Баерн веќе стапил во контакт со играч на Ливерпул

Во најновите извештаи кои доаѓаат од реномираниот германски медиум „Билд“, Баерн Минхен започна разговори со менаџментот на Ибрахима Конате, стоперот на Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од Германија, францускиот стопер е на радарот на германскиот гигант кој планира промени во својот тим во летниот преоден рок.

Договорот на Конате со Ливерпул истекува следното лето, што го прави потенцијално многу атрактивно засилување за многу клубови, вклучително и Баерн Минхен. Доколку трансферот се реализира, Баерн би можел да има корист бидејќи би успеал да доведе квалитетен играч без да плати обештетување.

Еден од клучните фактори поради кои Баерн Минхен сериозно размислува за Конате е неговото искуство во Бундеслигата. Иако Французинот во моментов е играч на Ливерпул, во минатото веќе играше за РБ Лајпциг, каде стекна значително искуство во германското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…