Дома Фудбал Ерик тен Хаг повторно може да се врати во Амстердам, Ајакс покажува сериозен интерес!

Ерик тен Хаг повторно може да се врати во Амстердам, Ајакс покажува сериозен интерес!

Додека Џон Хајтинга сè уште се подготвува да го напушти Амстердам, веќе започна потрагата по нов тренер на Ајакс.

После убедливата победа над Галатасарај во четвртото коло од Лигата на шампионите, управата на Ајакс донесе одлука да го замени тренерот Џон Хајтинга и започна со барање на негов наследник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според холандските медиуми, најистакната опција е Ерик тен Хаг, кој ја изгради својата тренерска кариера токму во Ајакс.

Фабрицио Романо објави дека Ајакс веќе го контактирал Тен Хаг, но искусниот 55-годишен холандски тренер сè уште размислува кое решение е најдоброто за него.

Да се потсетиме, Тен Хаг беше тренер на Ајакс од 2017 до 2022 година, носејќи го клубот во полуфиналето на Лигата на шампионите во 2019. Потоа премина во Манчестер Јунајтед, каде што не успеа да се прослави, па следеше кратка епизода во Бајер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на Ла Лига: Барселона не ја крева тензијата, тоа го прави само Реал – и тоа е многу опасно!

Вербалниот конфликт меѓу фудбалските гиганти Реал Мадрид и Барселона околу судењето во Ла …