Дома Фудбал Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија

Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија

Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.

Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкендија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.

По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок: Капитенот на хит репрезентацијата на Мундијалот обвинет за силување!

Додека Зеленортските Острови ја слават нивната историска шанса за влез во втората фаза на …