Дома Фудбал Урнебесно: Полски клуб ја исмејува соблекувалната каде што гостуваше и Шкендија – погледнете како изгледа (Видео)

Урнебесно: Полски клуб ја исмејува соблекувалната каде што гостуваше и Шкендија – погледнете како изгледа (Видео)

Полскиот клуб Лех Познањ се потсмеа со условите во соблекувалната на Рајо Ваљекано пред нивниот дуел во Конференциската лига, објавувајќи видео кое брзо стана хит на социјалните мрежи.

Во видеото, кое е полно со сарказам, претставник на полскиот тим ги прикажува „деталите“ што ги затекнале во Шпанија. Со насмевка коментира дека соблекувалната ја „чува“ човекот чија фотографија стои на клучот од просторијата, алудирајќи на бизарната организација на домаќините.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Понатаму, Лех посочува дека во делот наменет за физиотерапевтите нема светло, дека некои закачалки се искршени, а играчите добиле пешкири во различни големини и бои – сè, освен професионален третман.

Интересно е што на истата оваа локација сезонава гостуваше и тетовска Шкендија во првото коло од Конференциската лига, но тогаш македонскиот претставник не реагираше јавно на условите во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело: Гатузо не треба веднаш да замине

По неуспехот на Италија да се квалификува на Светското првенство по трет пат по ред, се оч…