Дома Останати Кошарка Познат кошаркар ја добил најтешката битка: Докторите му дале 10 проценти шанси да преживее… (Фото)

Познат кошаркар ја добил најтешката битка: Докторите му дале 10 проценти шанси да преживее… (Фото)

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара се разбуди од кома и ќе го продолжи процесот на опоравување по тешките компликации кои се појавиле по трансплантацијата на коскена срж.

Полонара, по трансплантацијата поради дијагностицирана миелогенна леукемија, доживеал сериозни компликации и поминал десет дена во кома, но сега се чувствува подобро и повторно е со своето семејство и пријателите.

– Бев во кома десет дена. Ми рекоа дека имам 90% шанси да умрам, но сега конечно можам да излезам од болница. Не се сеќавам на речиси ништо, како да сум спиел. Беше тешко, надежите беа мали. Кога ги отворив очите, не можев ништо да направам. Сега, да дишам надвор, надвор од болница, тоа е прекрасно”, рече Полонара за италијанската емисија Le Iene.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Официјално:Партизан има нов тренер!

Кошаркарскиот клуб Партизан го потврди доаѓањето на Жоан Пенјароха како нов тренер на тимо…