
Од Фиорентина официјално се разделија со својот тренер Стефано Пиоли поради разочарувачкиот старт на сезоната во Серија “А”. Во своето кратко соопштение, клубот му се заблагодари на досегашниот тренер и соопшти дека тимот привремено ќе го води Даниеле Галопа, кој е на чело на Примавера.
Пиоли се врати за своето второ постојување на “Артемио Франки” ова лето, откако одлучи да го одбие постот на селектор на Италија заради договорот со Фиорентина.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, под негово водство, екипата го постигна најслабиот старт во првенството во целата своја историја, бидејќи првпат не успеа да победи ниту еднаш во првите десет кола од кампањата. Така, “виолетовите” се на дното на табелата во Серија “А”, со четири нерешени и шест порази во досегашните првенствени натпревари и заедно со претпоследниот Верона имаат примено најмногу голови во италијанскиот елит.
Екипата од Фиренца сепак се претставува успешно во Конференциската лига, каде што ги победи првите два натпревари во основната фаза, но тоа не беше доволно за искусниот стручњак да добие уште малку време.
Според Николо Скира, фаворит за негов наследник е Роберто Д’Аверса, кој од летото е слободен по напуштањето на испаднатиот Емполи. Тој се согласил на договор само до крајот на сезоната со опција за уште една година, додека другиот главен кандидат – Паоло Ваноли, инсистирал на договор барем до летото 2027 година, поради што преговорите со него пропаднале.