Дома Фудбал Халанд брутално искрен на прашањето за Меси и Роналдо!

Халанд брутално искрен на прашањето за Меси и Роналдо!

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд вечерва ќе има емотивна ноќ бидејќи во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите неговиот Манчестер Сити игра против Борусија Дортмунд на Етихад.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Да ве потсетиме, Халанд се пресели во Сити од Борусија пред три години и се смета за еден од најдобрите напаѓачи во светот.

На прес-конференцијата, покрај Халанд, присутните новинари ги поздрави и тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Во еден момент, Гвардиола изјави дека Халанд е на исто ниво со Лео Меси и Кристијано Роналдо, заради неговото огромно влијание врз играта.

На ова, Халанд се насмевна и искрено додаде: “Никој не може да им се доближи. Јас сум само Норвежанец и не треба да мислам дека сум посебен само поради тоа што постигнувам многу голови”, рече тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Агентот на Хулијан Алварез првпат проговори за Реал и ги шокира навивачите на Кралевите

Името на ѕвездата на Атлетико се најде во центарот на вниманието откако некои медиуми, меѓ…