Дома Фудбал Останато Скандал во УФЦ: Американец доби отказ, обвинет е дека наместил борба

Скандал во УФЦ: Американец доби отказ, обвинет е дека наместил борба

Американскиот ММА борец Ајзак Дулгариан (29) доби отказ од УФЦ откако се појавија сомнежи дека ја наместил својата последна борба која ја имаше за време на настанот УФЦ Вегас 110 минатиот викенд.

Дулгариан се соочи со Јадиер Дел Вале и важеше за огромен фаворит пред борбата.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Сепак, Кубанецот победи со ‘rear naked choke’ уште во првата рунда, по што беа утврдени неверојатно големи уплати за победа на Дел Вале со прекин во првата рунда.

Движењето на коефициентите беше толку сомнително што голем број светски обложувалници ја повлекоа борбата од својата понуда, но голем број од уплатите за победата на Дел Вале беа веќе исплатени, што предизвика сомневање околу регуларноста на мечот.

Познатиот ММА новинар Ариел Хелвани прв објави дека УФЦ го отпуштил Дулгариан.

Дулгариан, официјално ќе биде објавено, добил отказ поради поразот со кој неговиот скор во УФЦ се доведе на 2-2, а бидејќи најсилната светска ММА организација обично не дава откази во такви случаи, гласините околу наместеност на исходот на борбата стануваат се посилни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачка сакаше да отвори сок на -20: Погледнете што се случи (Видео)

Навивачка на Чикаго Беарс стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откако на ТикТок обј…