Дома Фудбал Мaреска збесна по новиот црвен картон и нападна една од ѕвездите на Челси

Мaреска збесна по новиот црвен картон и нападна една од ѕвездите на Челси

Фудбалерите на Челси победија против Вулверхемптон како гости со резултат 4:3 во Лига Купот, но во центарот на вниманието беше новиот црвен картон за „сините“.

Верувале или не, на последните девет натпревари, Челси заработи дури шест исклучувања. Овој пат црвениот картон го доби повратникот Лиам Делап, за кого ова беше прв натпревар по два месеци. Енцо Мреска го критикуваше својот напаѓач за глупиот прекршок за вториот жолт картон.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Апсолутно заслужено исклучување. Беше глупав прекршок, можевме да го избегнеме, така што тоа не е добро. По жолтиот картон му реков на Делап сигурно 4-5 пати да се смири и да биде внимателен. Но, Лиам е играч кој кога е на теренот, е фокусиран на играта и понекогаш не е способен да слуша што му се кажува“, рече Мреска.

Инаку, да потсетиме, ова се беа исклучувањата на Челси:

Роберто Санчез против Јунајтед, Чалоба против Брајтон, Жоао Педро против Бенфика во Лигата на шампионите, Мреска против Ливерпул, Мало Густо против Форест, Делап против Вулвс. Единствените три натпревари каде што завршија со 11 играчи беа против Линколн, Ајакс во ЛШ и Сандерленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крос искрено за потегот на Флик во „Ел Класико“: Не го разбирам!

Легендарниот пензиониран ас на Реал Мадрид, Тони Крос, го анализираше последното “Ел…