Дома Фудбал Разделбата со Тудор му донесе добар ефект на Јувентус и лошата серија беше прекината

Разделбата со Тудор му донесе добар ефект на Јувентус и лошата серија беше прекината

Јувентус стави крај на лошата серија од осум последователни натпревари без победа, поради која Игор Тудор беше отпуштен, откако го совлада со 3:1 Удинезе на “Алијанц Стадионот” во натпревар од деветтото коло на Серија “А”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Бјанконерите”, водени во овој натпревар од тренерот на младиот тим Масимо Брамбила, играа многу офанзивно и доминираа целото време, така што целосно заслужено победија.

Душан Влаховиќ отвори од пенал уште во петтата минута, а во додаденото време од првиот дел гостите израмнија од ништо по голот на Николо Џаниоло.

Во вториот дел Окоје направи многу одбрани, но сепак Федерико Гати повторно ги изведе домаќините напред во 67-мата минута. Кенан Јилдиз го оформи конечниот резултат, откако реализираше втора пенал во додаденото време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…