Дома Фудбал Голманот уште е во болница, но и уште двајца фудбалери на Аеродром биле тепани во Слупчане!

Голманот уште е во болница, но и уште двајца фудбалери на Аеродром биле тепани во Слупчане!

Од редовите на Аеродром денеска се огласија и со официјално соопштение во кое информираат дека покрај голманот уште двајца нивни фудбалери биле физички нападнати во Слупчане.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Голманот кој се здобил со посериозни повреди се уште бил во болница. Во реакцијата тие бараат и санкции за виновниците.

Во продолжение комплетното соопштение:

„Во врска со немилиот настан кој се случи вчера (26.10.2025) на натпреварот од Третата лига – Север, помеѓу ФК Беса (Слупчане) и ФК Аеродром, сакаме јавно да ја информираме спортската јавност за следното:

По последниот судиски свиреж, нашите фудбалери беа физички нападнати од страна на дел од фудбалерите на противничкиот тим.

Во инцидентот беа нападнати тројца наши играчи – голманот и уште двајца фудбалери, кои претрпеа телесни повреди и сите беа веднаш пренесени во болница во Скопје, каде што им беше укажана лекарска помош.

По укажаната медицинска интервенција, двајца фудбалери се пуштени на домашно лекување, а голманот сè уште е хоспитализиран.

Натпреварот заврши со победа на нашиот тим (2:1), а непосредно по досудениот крај, следуваше неиспровоциран и брутален напад врз членовите на ФК Аеродром.

ФК Аеродром најостро го осудува овој чин на насилство и апелира до Фудбалската федерација на Македонија, надлежните дисциплински органи и Министерството за внатрешни работи да преземат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителите.

Фудбалот мора да остане симбол на спортски дух, фер-плеј и почит, а не поле на агресија и опасност за здравјето на спортистите.

Им се заблагодаруваме на сите клубови, спортски работници, навивачи и медиуми кои испратија пораки на поддршка и солидарност со нашите повредени играчи.

ФК Аеродром ќе продолжи да се бори чесно на теренот и да го промовира спортот како место на фер натпреварување, со меѓусебна почит и спортски дух

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Омерагиќ и ФФМ со поддршка за иницијативата јужната трибина да се вика Васил Рингов

Навивачите на ФК Вардар за време на денешниот натпревар против ФК Силекс (2-1) уште еднаш …