Дома Фудбал Останато Нова снимка која покажува како настрада Аспинал и зошто беше прекинат мечот за титулата (Видео)

Нова снимка која покажува како настрада Аспинал и зошто беше прекинат мечот за титулата (Видео)

Долгоочекуваната борба помеѓу шампионот Том Аспинал и Сирил Ган, предизвикувачот за титулата во тешка категорија на УФЦ, беше прекината во првата рунда на мечот што се одржа во Абу Даби. Причината беше убодот на Ган во окото на Аспинал, кој по тој потег не можеше да гледа ниту да се бори. Мечот заврши без победник, означен како „без резултат“, што значи дека Аспинал ја задржа титулата.

Аспинал по потегот на Ган доби пет минути одмор, но беше очигледно дека ништо не гледа. Докторот влезе во кафезот за да го прегледа и потоа беше одлучено мечот да биде прекинат. Аспинал, меѓу звиждивки од публиката, даде изјава и замина на преглед во болница.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Луѓе, токму бев убоден во очната јаболка. Зошто свиркате? Што би требало јас да направам? Не го направив тоа. Не гледам,” рече Аспинал, држејќи го окото додека даваше изјава веднаш по прекинатата борба.

На социјалните мрежи се појави успорена снимка од убодот што ја прекина борбата. Можете да ја погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Расел по голема борба со Ферари славеше на спринтот во Кина

Британецот Џорџ Расел триумфираше на првата спринт трка од сезоната во Кина. Расел ја запо…