
Според извештаите што излегоа оваа недела, поранешната ѕвезда на Тотенхем, Сон Хеунг-мин (33), оваа зима би можел да биде потенцијално решение за екипата на Милан, бидејќи размислува за краткорочна позајмица слична на онаа на Дејвид Бекам, со цел да ја задржи формата пред Светското првенство 2026. година.
Сон минатото лето, по десетгодишната кариера во дресот на Спарсите, го напушти Лондон и се пресели во ЛАФЦ во МЛС, каде ја отвори сезоната со девет постигнати голови во првите десет натпревари од првенството.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
МЛС има распоред различен од европските лиги, започнува кон крајот на февруари и трае до средината на октомври, завршувајќи со плејоф чие финале е закажано за 6 декември. После тоа следи подолга пауза што овозможува кратки зимски позајмици. Поради ова, пишува британскиот весник The Sun, Голема е веројатноста Сон за време на оваа пауза да се врати привремено во Европа, на ист начин како што тоа го правеше Дејвид Бекам со ЛА Галакси пред Светското првенство 2010. година.
Според британските извори, Милан е меѓу заинтересираните клубови кои би можеле да реагираат во јануари ако ЛАФЦ дадат согласност. Како потенцијални алтернативи, се споменуваат и враќање во Тотенхем, неговиот поранешен клуб, како и повраток во Јужна Кореја. Наводно, договорот со ЛАФЦ содржи т.н. клаузула на Бекам, што му овозможува краткотраен престој во Европа за време на зимската пауза.