Дома Фудбал Атлетико незадоволeн од Арсенал: Го напушти стадионот без туширање поради недостаток на топла вода

Атлетико незадоволeн од Арсенал: Го напушти стадионот без туширање поради недостаток на топла вода

ВЕЧЕРВА, Арсенал ќе го пречекува Атлетико Мадрид на својот стадион во третото коло од Лигата на шампионите, но пред мечот се случи неочекуван инцидент. Атлетико пристигна на тренинг на стадионот на Арсенал, но по завршувањето на вежбањата, беа дочекани со непријатно изненадување.

Во соблекувалните и на останатите места на Емирејтс немаше топла вода, така што фудбалерите на Атлетико, покриени со пот и прашина, мораа да се облечат и да се упатат кон автобусот кој ги одвезе назад до хотелот. Во хотелот конечно успеаја да се истушираат, но шпанските медиуми известуваат дека имаат сериозни забелешки до Арсенал, бидејќи не беше обезбеден основен хигиенски услов.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Играчите на Атлетико се разочарани, а клубот официјално поднесе жалба до УЕФА за инцидентот кој се случи на Емирејтс,” информира шпанското радио Cadena Ser од Лондон. Тие додаваат: “Оваа ситуација што ја доживеаја играчите на Атлетико е несоодветна за нивото на вакво високо натпреварување. Гостинската екипа принудно го напушти стадионот без да се истушира, поради недостиг на топла вода во објектот.”

Фудбалерите на Симеоне веднаш по завршениот тренинг се качија во автобусот и се вратија во хотелот. Оваа необична ситуација за елитниот фудбал е пријавена до УЕФА од страна на екипата и клубот. Непријатноста беше дополнително засилена бидејќи прекинот на водоснабдувањето на Арсенал беше известен уште во 17:30 часот, кога тимот пристигна на стадионот, но клубот од Лондон не успеа да најде решение за проблемот.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од играње со Роналдо до градежништво за седум години: „Телото ми кажа – не, морав да се пензионирам на 25 години“

Седум години – толку помина помеѓу двете фотографии кои го одбележаа животот на Чендрим Ка…