Дома Фудбал Клоп зборуваше за можно враќање во Ливерпул, можно е!

Клоп зборуваше за можно враќање во Ливерпул, можно е!

Јирген Клоп откако го напушти Ливерпул денеска работи како глобален директор за фудбал компанијата „Ред Бул“, а сега зборуваше за негово можно враќање во Ливерпул. Според неговите зборови тоа е можно да се случи, иако засега е само во теорија, бидејќи веќе еднаш кажа дека нема намера повторно да биде тренер и таквото секојдневи не му недостасува.

„Веќе го кажав тоа – нема да тренирам друг тим во Англија. Така што, теоретски, можам еден ден да се вратам во Ливерпул“, истакна Јирген Клоп како гостин на подкастот „Дневник на еден директор“ (The Diary of a CEO) и продолжи искрено:

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Сакам што правам сега, не ми недостига тренерската работа. Сѐ уште тренирам, но на поинаков начин. Не ми недостигаат тренинзите на дожд по два-три часа, ниту прес-конференциите трипати неделно, ниту дванаесетте интервјуа секоја недела. Таа страна на работата не ми фали. Навистина не“, раскажуваше Германецот.

Во разговорот, Клоп се осврна и на трагичната смрт на Диого Жота, португалскиот репрезентативец кој го донесе во Ливерпул во 2020 година. Жота загина во сообраќајна несреќа во јули, заедно со својот брат.

„Како да замениме некого како Диого? Не е само за играчката вештина, туку и за човекот кој беше. Не можам да ја замислам соблекувалната без него, тоа е многу тешко. Сѐ уште не можам да зборувам за тоа како што треба. Тоа беше огромен шок за сите момци. Никој во Ливерпул ова не го користи како изговор, но тоа е реалноста. Влегуваш во соблекувална каде што беше секој ден… Тешко е да се справиш со тоа. Невозможно е.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е најлудата трка за титула во Европа: На врвот е клуб кој не бил шампион 61 година!

Со само три кола до крајот, водечката четворка се наоѓа во рамките на три поени, што ветув…