Дома Фудбал Жестоки критики за скапото засилување на Ливерпул: Ако можат да ги вратат парите, нека го направат тоа!

Жестоки критики за скапото засилување на Ливерпул: Ако можат да ги вратат парите, нека го направат тоа!

Кога Ливерпул изминатото лето издвои 117,5 милиони евра за германското фудбалско чудо, многумина веруваа дека ја обезбедиле иднината на средниот ред на својот тим. Флориан Вирц пристигна со реноме како еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, со блескави настапи во Баер Леверкузен и со статус на веќе оформен германски репрезентативец.

Неколку месеци подоцна, атмосферата околу престојот на Вирц на Енфилд е сосема поинаква. Наместо да биде клучна фигура во новиот системот на Арне Слот, младиот Германец се мачи со прилагодувањето и сè почести се критиките кои го доведуваат во прашање оправданоста на неговата огромна цена.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


До сега во сезоната, Вирц успеа да запише само една асистенција и ниту еден гол во Премиер лигата. Неговата улога на теренот се чини нејасна – често изгледа изгубен помеѓу линиите, без конкретен ефект во завршницата на нападот и со ограничено влијание на играта.

Поранешниот англиски репрезентативец Џолеон Лескот не ги штедеше зборовите коментирајќи ја ситуацијата: “Ако Ливерпул можеше да ги врати своите пари на крајот од сезоната, нека го направат тоа.” Неговата изјава предизвика бран на социјалните мрежи, но и непријатна вистина меѓу навивачите на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаскојн за алкохолизмот: Никогаш нема да престанам да пијам

Пол Гаскојн, англиска фудбалска легенда, отворено призна дека цел живот се бори со зависно…