Дома Фудбал Тренираше со Роналдо, а денес на 26 години работи градежништво

Тренираше со Роналдо, а денес на 26 години работи градежништво

Никогаш не треба да се откажувате од своите соништа, но понекогаш тие соништа не се остваруваат и работите не се онакви какви што ги посакуваме, а тоа најдобро го знае момчето кое некогаш во Јувентус тренираше со Кристијано Роналдо, додека денес заработува работејќи на градежништво.

Чендрим Камерај е роден во Луцерн (Швајцарија), но по потекло е од Косово. Играл за сите помлади селекции на швајцарската репрезентација, во 2019 година запишал еден настап за У21 селекцијата на Косово, а во 2024 година завршил со играчката кариера на 25 години.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Камерај еден период се сметал за многу талентиран. Бил толку ценет што бил дел од славниот италијански клуб, Јувентус. Тренирал со супервездаи како Кристијано Роналдо, и настанала фотографија која ќе му остане вечна спомена, кога позирал со славниот Португалец на тренингот на Стариот господин.

Но, многубројните повреди многу ја отежнале кариерата на Камерај, 26-годишниот кој мораше да го остави фудбалот. По многу тежок период, тој во швајцарскиот нисколигаш Зуг 94 минатото лето одигра последните натпревари. Играше уште за Крис и Лугано, а во Јувентусовите јуниори влезе како талентиран тинејџер уште во 2017 година.

За Јувентус У19 одигра 18 натпревари и постигна два гола. За Јувентус У23 одигра еден натпревар. Искуството во Јувентус останува посебно за косовскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах ваков не го познаваме – ја отвори душата и го стресе Ливерпул!

Мохамед Салах трет натпревар по ред беше на клупата. Во интервју за новинарите по разочару…