Дома Фудбал ФФМ ги одреди новите термини: Шкендија и Вардар ќе играат на 27 октомври

ФФМ ги одреди новите термини: Шкендија и Вардар ќе играат на 27 октомври

Поради одржувањето на локалните избори во Македонија, овој викенд нема да се играат фудбалски натпревари.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави новите термини за натпреварите од 10. коло.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одлуката за суспензија на спортските активности е донесена по препорака на Министерството за внатрешни работи (МВР), со цел целосно да се фокусираат ресурсите и вниманието на изборниот процес.

Сите натпревари од 10. коло се поместени за следната недела, а најголемото дерби меѓу Шкендија и Вардар ќе се одигра во работен ден – во понеделник со почеток од 13:30 часот.

Распоред:

Петок 24.10 14:30
Башкими – Шкупи
Тиквеш – Арсими
Сабота 25.10 14:30
Работнички – Македонија ЃП
Струга ТЛ – Брера
Недела 26.10 13:30
Силекс – Пелистер
Понеделник 27.10 13:30
Шкендија – Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…