Дома Фудбал Вакво правило нема во ниту една друга репрезентација: Еве зошто фудбалерите на Велс не смеат да ги меуваат дресовите

Вакво правило нема во ниту една друга репрезентација: Еве зошто фудбалерите на Велс не смеат да ги меуваат дресовите

Откако застана на чело на фудбалската репрезентација на Велс во јуни 2024 година, Крег Белами постави строги правила во тимот, решен да врати дисциплина и автентичност на екипата која се стреми кон пласман на Светското првенство 2026 година.

Со цел да го разбуди духот на новата, помлада генерација, некогашниот фудбалер на Њукасл воведе категорични и непроменливи правила.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Едно од најстрогите правила е да не се менува дресот. Зошто? Затоа што многу сте се трудиле да го заслужите. Не мислете дека сте доволно добри за да го подарите. Можете да го вратите на тимот или да го зачувате дома, но тоа е наш симбол, наш знак. Никогаш не смее да се допира. Сега играчите го разбираат и почитуваат тоа”, изјави Белами за Sky Sports.

Освен тоа, тренерот воведе забрана за користење на мобилни телефони при заедничките оброци и истакна важноста на точноста и тимскиот дух.

“Сите сме заедно на иста маса и мораме да бидеме заедно. Не се однесувам како полицаец – не им кажувам кога да одат во кревет. Сите се одговорни за себе и знаат што е добро, а што не е”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тудор во проблеми: Јувентус без важен играч најмалку неколку месеци

Фудбалерот на Јувентус, Глејсон Бремер успешно оперираше колено, соопшти денес клубот од Т…