
Фудбалерот на Јувентус, Глејсон Бремер, го повреди левото колено и ќе биде опериран, соопшти овој италијански клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бремер го скинал медијалниот менискус на левото колено, се наведува во соопштението на клубот.
Бразилскиот фудбалер минатата сезона беше отсутен девет месеци поради повреда на предните вкрстени лигаменти на левото колено.
Бремер оваа сезона одигра пет натпревари во сите натпреварувања. Јувентус се наоѓа на петтото место на табелата во Серија А со 12 бодови, а во недела ќе игра против Комо.
Клубот од Торино на 22 октомври ќе гостува кај Реал Мадрид во третото коло од Лигата на шампионите.