Актуелниот македонски шампион и единствен претставник во АБА регионалната лига, не бележи добри резултати на стартот од новата сезона поради што во клубот се одлучија да направат одредени промени.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Изминативе денови бевме сведоци на рокадите во состабот на МЗТ, а денес уште еден играч го раскина договорот со клубот, додека двајца се испратени на позајмица во Струмица.
Бекот, Адем Мекиќ побара раскинување на договорот, со оглед на тоа дека е незадоволен од минутажата која ја има во МЗТ, така што клубот одлучи да му излезе пресрет. Меќиќ од почетокот на сезоната запиша четири настапи со просек од 3 поени по меч.
На позајмица се испратени Михајло Митев и Ранко Мамузиќ, кој во продолжението од сезоната ќе настапуваат за Струмица.
МЗТ од почетокот на месецот го ангажираше Доминик Мавра, Дејан Мајсторовиќ и Никола Павличевиќ, а клубот го напушти Брет Бејли по истекот на тромесечниот договор.