Дома Фудбал Maкедонија освои голем бод со Белгија, но Милевски откри и од што не бил задоволен

Maкедонија освои голем бод со Белгија, но Милевски откри и од што не бил задоволен

Македонската фудбалска репрезентација се враќа со голем бод од Гент, откако успеа да остане непоразена против силната Белгија и да ги задржи шансите за пласман на Светското првенство, дури и како првопласирана во групата.

Селекторот Благоја Милевски изрази задоволство од дисциплината и играта во одбраната, но посочи дека организацијата на нападот не била на посакуваното ниво.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Можам да бидам задоволен од тоа како изгледавме дефанзивно – функциониравме компактно, дисциплинирано и одговорно. Но, не смеам да бидам задоволен од организацијата на играта. Белгија има свој удел во тоа, но сепак очекувавме подобра реализација во транзицијата. И покрај тоа, резултатот е одличен и момците заслужуваат честитки. Најважно е што покажавме карактер и научивме како да се браниме квалитетно и кога не ни оди офанзивата. Сега фокусот е веќе на следниот натпревар во понеделник“, изјави Милевски.

Тој додаде дека идејата не била Македонија да се повлече и да се брани во текот на целиот меч, туку да се игра со поголем посед и контрола на топката, нешто што не успеа целосно да се реализира поради агресивниот пристап на Белгијците.

„Планот беше да имаме повеќе топка во нозете и подобра организација во средината, но противникот со својата агресивност и дуплирање на нашите креативни играчи не натера да се повлечеме. И покрај тоа, го извлековме максимумот од овој натпревар. Бевме ограничени офанзивно, но беспрекорни дефанзивно. Задоволен сум што остануваме во трка до самиот крај и што повторно покажавме дека Македонија знае да се бори со најдобрите“, истакна Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија загуби уште еден ѕвезден играч за натпреварот со Бугарија

Офанзивецот на Барселона, Дани Олмо, е следниот ѕвезден фудбалер на Шпанија, кој отпадна о…