Дома Фудбал Арсенал се сели од „Емирати“, сака најголем стадион во Лондон (Видео)

Арсенал се сели од „Емирати“, сака најголем стадион во Лондон (Видео)

Арсенал има сериозни планови и тие не се само поврзани со освојување на трофеите. 

Лондонскиот клуб, покрај титулата шампион на Англија, има цел и – проширување на капацитетот на стадионот. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сегашниот капацитет на „Емирати“ е 60.700 седишта, а плановите за проширување се забрзани. 

Како што информира британскиот „Телеграф“, во Арсенал се надеваат дека новиот капацитет на „Емирати“ ќе биде над 70.000 седишта, со желба во Лондон Арсенал да има стадион на кој може да има најмногу гледачи, со што би ги надминале Вест Хем и Тотенхем. Да потсетиме, капацитетот на стадионот на Тотенхем е 62.850, додека на стадионот „Лондон“ каде што игра Вест Хем е 68.013.

Во Арсенал се свесни дека имаат сè повеќе навивачи, го знаат тоа и по бројот на оние кои чекаат на сезонски билети години наназад, а сакаат и поголем приход.

„Емирати“ ќе биде „засилен“ од сите страни, секоја трибина ќе биде поголемена, а се зборува и за сума од 500.000.000 фунти која ќе биде вложена во надградбата. 

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Реал Мадрид – се повреди Хујсен

Реал Мадрид се соочува со нова кадровска мака пред продолжението на сезоната. Клубот офици…