Дома Фудбал Капинковски си замина од Пелистер по слабиот старт на сезоната

Капинковски си замина од Пелистер по слабиот старт на сезоната

Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека по взаемен договор се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Димитар Капинковски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од клубот изразија благодарност за професионалниот ангажман на Капинковски и му посакаа успех во понатамошниот тек на неговата тренерска кариера.

Пелистер сезонава одигра девет натпревари, во кои забележа две победи, еден нерешен резултат и шест порази, што беше причина за промената на тренерската позиција.

Од битолскиот прволигаш најавуваат дека во наредните денови ќе биде промовиран новиот шеф на стручниот штаб кој ќе ја преземе екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел откри што им кажал на фудбалерите на полувремето

Кога англиските фудбалери се вратија во соблекувалната во Далас, откако двапати ја испушти…