Дома Фудбал Се случи нешто неочекувано: Халанд застана пред камерите и откри голема „тајна“

Се случи нешто неочекувано: Халанд застана пред камерите и откри голема „тајна“

Ерлинг Халанд го постигна единствениот гол на натпреварот против Брентфорд и тоа во деветтата минута од натпреварот, носејќи им три поени на својот тим.

Халанд трчаше кон топката што ја асистираше Јошко Гвардиол, и го совлада Каомхин Келехер за да донесе победа за неговиот тим.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ова беше дванаесеттиот гол на Халанд оваа сезона во сите натпреварувања, продолжувајќи го својот пат кон титулата најдобар стрелец во Премиерлигата.

Екипата на Манчестер Сити сега се наоѓа на петтото место на табелата во Премиерлигата со три поена помалку од лидерот, екипата Арсенал.

По натпреварот, Халанд во разговор за Sky Sports зборуваше за своите игри, како и за игрите на Манчестер Сити, и посочи една личност која е заслужна за неговите добри игри.

„Никогаш во животот не сум се чувствувал вака добро, така што може да се каже дека сум во најдобра форма во животот.

Тоа што создава разлика е пред се подготовката. Начинот на кој се подготвувам за натпреварите, многу пати сум зборувал за тоа.

Можеш да бидеш физички подготвен, но мораш да бидеш и психички подготвен за натпреварот. Искрено, мислам дека откако добив дете сум уште подобар затоа што се исклучувам повеќе од било кога.

Не размислувам многу за фудбалот кога сум дома, а тоа не го правев порано, се грижев за некои мали работи. Кога ќе појдам дома, одморам многу повеќе, така што мојот син е виновник за сето ова“, рече Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшни бројки: Модриќ и на 40 години е најдобар фудбалер од среедниот ред во Серија А!

Лука Модриќ (40) имаше одличен настап за Милан во дербито против Јувентус (0:0) во шестото…