Дома Фудбал Срамен и скандалозен натпревар во најсилната српска лига: Смешни грешки и неверојатни пенали! (Видео)

Срамен и скандалозен натпревар во најсилната српска лига: Смешни грешки и неверојатни пенали! (Видео)

Фудбалска претстава која повеќе наликуваше на комедија отколку на елитен натпревар се одигра синоќа во Ниш, каде Раднички и Радник одиграа меч кој заврши со резултат 4:2 (3:1), но она што остана во фокусот не беа головите, туку трите досудени пенали и низа шокантни грешки на голманите и одбраните.

Публиката буквално не можеше да поверува на тоа што го гледа, два од пеналите беа досудени во ситуација каде што повеќето љубители на фудбалот би се запрашале дали се работи за комичен театар. Несмасноста на дефанзивците и трагичните интервенции на голманите уште повеќе ја подгреаа атмосферата на сомнеж и цинизам околу регуларноста на натпреварот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Јавноста со право бара одговори, а очите сега се вперени кон Фудбалскиот сојуз на Србија, од кој се очекува јасна и транспарентна реакција. Вакви сцени, какви што ретко се гледаат дури и во нисколигашки фудбал, тешко може да поминат без зборот „местенка“ да виси во воздухот. Натпреварот што требаше да биде дел од спортската возбуда, се претвори во вистински „циркус“ кој ја погоди целата фудбалска јавност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк: Го изневеривме тренерот, нема тука место за тие што се откажуваат

Ниту еден играч што нема желба да се бори не му е место во Ливерпул, вели капитенот Вирџил…