Дома Останати Ракомет Ваков спектакл Скопје не памети: Најголемите имиња од македонскиот ракомет на едно место!

Ваков спектакл Скопје не памети: Најголемите имиња од македонскиот ракомет на едно место!

Скопје на 29 октомври ќе биде домаќин на ракометен спектакл каков што одамна не сме виделе. По повод јубилејниот 20-ти роденден на „Спортско радио 90.3 ФМ“ се најавува гала-програма исполнета со легенди на македонскиот и европскиот ракомет.

На паркетот ќе се соберат имиња кои ја обележаа историјата на нашиот спорт – Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев и многу други.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Но, овој настан нема да биде ограничен само на домашните херои – на публиката ѝ се ветува и вистинска меѓународна ѕвездена постава. Арпад Штербик, Жоан Кањелас, Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ, Тимур Дибиров, Глеб Каралаш, Ренато Вугринец, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Даниил Шишкарев, Ивано Балиќ, Мирза Шариќ, Вуко Борозан, Домагој Дувњак, Кристијан Дисингер – ова се дел од имињата кои се најавени да го збогатат спектаклот.

Селекторските улоги ќе им припаднат на познати имиња како Лино Чевар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шуновски, Ристо Магдинчев, како Маријан и Драган Начевски. За комплетен впечаток, тука се и судиите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Кузмановски: Ни се повторуваат истите грешки, сами сме виновни за поразот од Вардар

Вардар синоќа во Скопје извојува победа над Пелистер во големото ракометно дерби, по кое к…