Дома Фудбал Инфантино: ФИФА не може да ги реши гео-политичките проблеми

Инфантино: ФИФА не може да ги реши гео-политичките проблеми

Во Цирих во четвртокот се одржа состанок на Советот на ФИФА, при што домаќинството на Светското првенство за играчи до 20 години беше доделено на Азербејџан и Узбекистан. Toa што светот го очекуваше – не се случи. Не се спомена исклучувањето на Фудбалската федерација на Израел од Меѓународната фудбалска федерација и нејзините натпреварувања.

Во светло на „глобалните тензии и геополитички конфликти“, првиот човек на ФИФА во својот воведен говор „истакна важноста на промовирање на мир и единство, особено во контекстот на сè што се случува во Газа“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Како ФИФА, посветени сме на тоа да ја користиме моќта на фудбалот за да ги приближиме луѓето во еден поделен свет. Нашите мисли се со оние кои страдаат во бројни конфликти што постојат во светот, а најважната порака што фудбалот може да ја испрати сега е порака на единство и мир.

ФИФА не може да ги реши геополитичките проблеми, но може и мора да го промовира фудбалот низ целиот свет, нагласувајќи ја неговата моќ за обединување, образување, културни и хуманитарни вредности“, рече Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно го напушта Челси: Рахим Стерлинг се сели во лондонски ривал!?

Рахим Стерлинг наскоро би можел да стане нов член на Фулам. Англиските медиуми открија ден…