
Во рамки на деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига, Пелистер на 6 октомври од 18 часот ќе ја пречека Шкендија. Дуелот ќе се игра под светлината на рефлекторите на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Зелено-белите“ се наоѓаат во сериозна резултатска криза со пет последователни порази, а токму против актуелниот шампион и учесник во Конференциската лига ќе се обидат да ја прекинат негативната серија и да се претстават во подобро светло пред својата публика.
Во истото коло, дуелот меѓу Шкупи и Работнички ќе се одигра во Струга, откако Фудбалската федерација на Македонија го суспендираше теренот во Чаир. Овој натпревар е закажан за 4 октомври со почеток од 15 часот.