
Историјата се повторува: Бразилец ќе игра за Хрватска!

Сега историјата се повторува, бидејќи новиот бразилски играч на Динамо е на чекор да ја облече хрватската репрезентативна маица.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според порталот „24 сата“, 16-годишниот Белињо одлучи да игра за Хрватска, иако е роден во Рио де Жанеиро.
Белињо се пресели во Хрватска во 2021 година заедно со својот татко, кој се дојде таму за работа во градежништвото. „Модрите“ го забележаа неговиот талент и го доведоа од Винодол.
Според менаџерот на Белињо Енди Бара, и Бразил имал интерес за младиот фудбалер, но тој реши да се посвети на Хрватска.
„Нè контактираа од Бразилскиот фудбалски сојуз, но младиот фудбалер сака да игра за Хрватска. Луѓето од ХНС сериозно се заложија за тоа тој да го прифати нивниот повик и веќе работиме на добивањето на државјанство, што би требало да биде готово до крајот на годината. Тој го прифати повикот на ХНС. Белињо се чувствува прекрасно во Хрватска, неговото семејство е среќно тука, одлично зборува хрватски и смета дека Загреб е негов втор дом“, изјави Бара.