
Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во решавачка фаза од квалификациите за Светското првенство 2026, каде ја очекуваат два многу важни предизвици – гостувањето кај Белгија на 10 октомври и натпреварот против Казахстан во Скопје на 13 октомври. Во пресрет на тие дуели, селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета.
„Остануваме фокусирани на нашата главна цел – учество на Мундијалот. Составот е речиси идентичен со претходниот, единствено ќе недостига Лирим Ќамили поради повреда. На списокот се враќаат Ашковски и Бабунски и верувам дека сите ќе бидат здрави и подготвени“, истакна Милевски.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Тој посебно се задржа на враќањето на Давид Бабунски во националниот тим:
„Давид отсекогаш бил дел од нашата визија, но имаше проблеми со клубот каде што настапуваше. Сега повторно е со нас и сум убеден дека неговото искуство и квалитет можат многу да помогнат“, додаде селекторот.
По пет одиграни натпревари, Македонија останува во трката за пласман на СП, што според Милевски е најдобар доказ за силата и карактерот на оваа генерација.