Дома Фудбал Шкендија гостува кај Рајо Валјекано – македонски тим досега никогаш не победил Шпанци!

Шкендија гостува кај Рајо Валјекано – македонски тим досега никогаш не победил Шпанци!

Шкендија вечерва ќе го одигра својот историски натпревар на гостински терен кај Рајо Ваљекано во првото коло од групната фаза во Конференциската лига. Оваа пресметка има дополнителна тежина бидејќи по осум години македонски клуб повторно ќе се соочи со шпански претставник на европска сцена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последен кој имаше таква можност беше Вардар во своето најголемо европско поглавје – настапот во групната фаза на Лига Европа во 2017 година. Скопскиот клуб тогаш двапати се сретна со Реал Сосиедад, но тие дуели останаа во непријатно сеќавање на „црвено-црните“ и нивните навивачи. Баскијците беа убедливи со вкупна гол-разлика 9-0 – триумфираа со 6-0 во Скопје и со 3-0 во Сан Себастијан.

Многу порано, уште во 2000 година, Пелистер ја имаше честа да се соочи со шпански клуб во тогашниот Интертото куп. Откако ги елиминираа Хобшајд од Луксембург и Вастра Фролунда од Шведска, битолчани го добија за противник силниот тим на Селта Виго. Иако на теренот Пелистер покажа храбра игра и се бореше достојно (порази од 3-0 во Виго и 2-1 во Битола).

Фото: KF Shkendija

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел одржал говор на полувремето: Откри што има кажал фудбалерите и како ја променил играта (Видео)

Фудбалерите на Англија со извонредна игра во второто полувреме ја совладаа Хрватска со рез…