Дома Фудбал Уште едно ремек-дело на Халанд: Постигна два гола, го замолкна стадионот, а потоа „пукна“ пред камерите

Уште едно ремек-дело на Халанд: Постигна два гола, го замолкна стадионот, а потоа „пукна“ пред камерите

Ерлинг Халанд не беше нималку расположен откако неговиот Манчестер Сити синоќа одигра нерешено на гостувањето против Монaко во второто коло од Лигата на шампионите.

Норвежанецот продолжи со своите одлични настапи на почетокот на новата сезона, постигнувајќи два гола во првото полувреме, и сега има 52 постигнати голови во првите 50 натпревари во Лигата на шампионите.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Првиот гол го постигна по асистенција на Јошко Гвардиол на почетокот на натпреварот, но не му требаше многу на домашниот тим да дојде до изедначување.

Јордан Тезе беше тој што ги врати работите на почеток само три минути откако Халанд го доведе Манчестер Сити во водство.

Халанд постигна уште еден погодок, овојпат по асистенција на Нико О’Рајли, и му донесе заслужено водство на гостите.

Екипата предводена од Пеп Гвардиола продолжи да доминира, но Ерик Даер доби удар во главата од Нико Гонзалес, и токму поранешниот играч на Тотенхем постигна гол од белата точка за бод на натпреварот одигран синоќа.

По натпреварот, Ерлинг Халанд застана пред камерите и беше многу лут додека зборуваше за тоа што се случи во натпреварот.

„Не изгледа добро, не победивме. Направивме некои непотребни работи во второто полувреме и мислам дека не игравме добро.

Не заслуживме победа и затоа не ја остваривме”, беше јасен Халанд.

„Мислам дека ни недостасуваше енергија. Требаше да играме како во првото полувреме. Доминиравме во вториот дел, но едноставно тоа не беше доволно.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стариот „грев“ не се брише: Фиго повторно доживеа хорор во Барселона

Синоќа одиграа својата втора натпреварувачка средба во групната фаза на Лигата на шампиони…