Дома Фудбал Капело за трката за Скудето: Модриќ игра како да нема 40, а Де Брујне се шета по теренот

Капело за трката за Скудето: Модриќ игра како да нема 40, а Де Брујне се шета по теренот

Големата победа на Милан во неделата вечер против актуелниот италијански шампион Наполи ја отвори темата на Апенинскиот полуостров дали „росонерите“ би можеле да го симнат владејачот на Серија А од престолот, а ваквиот сценарио го навестува и трофејниот тренер Фабио Капело, кој сегашната состојба во тимовите ја гледа според расположението на најдобрите играчи.

Поранешниот тренер на Милан, по неделниот дерби, кој тимот од северот го освои со резултат 2:1, го зема за пример различниот почеток на сезоната на асот на „росонерите” Лука Модриќ и првата ѕвезда на Наполи Кевин Де Брујне.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Станува збор за двојка искусни играчи кои летоска пристигнаа на Чизмата, кои според мислењето на Капело изразуваат различна адаптација на италијанскиот фудбал.

„Модриќ доминира во Серија А, како да нема 40 години, додека е забележливо дека Де Брујне се мачи во Наполи. Белгиецот се шета по теренот и нема јасна позиција. Од друга страна, Хојлунд не е вистинска замена за Лукаку бидејќи не може да обезбеди игра со топка која беше клучна минатата сезона”, изјави Капело во интервју за “Газета Спорт”.

Милан се изедначи по бодови по победата во неделата над најголемиот конкурент за освојување на Скудетото, но веќе во неделата вечер го очекува дерби против Јувентус во Торино пред октомвриската репрезентативна пауза.

Наполи го пречекува Џенова па има можност да се врати на врвот на табелата во случај на гостувањето на избраниците на Масимилијано Алегри да не постигнат триумф против најпопуларниот италијански клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски се уште не решил за својата иднина

Роберт Левандовски изјави дека не знае каде ќе игра следната сезона. 37-годишниот напаѓач …