Дома Фудбал Го исфрлија како партал од Манчестер: Гарначо зборуваше за деновите на пеколот на „Олд Трафорд“

Го исфрлија како партал од Манчестер: Гарначо зборуваше за деновите на пеколот на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Челси синоќа остварија минимална победа против Бенфика во Лигата на шампионите на свој терен, а шанса да игра од првата минута на овој натпревар доби и Алехандро Гарначо.

Аргентинецот одигра многу добар натпревар и сé повеќе покажува дека Челси не погрешил што го довел од Манчестер Јунајтед минатото лето.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Кариерата во Манчестер Јунајтед ја заврши неславно бидејќи падна во немилост на тренерот на овој тим Рубен Аморим, а сето тоа по поразот од Тотенхем во финалето на Европската лига.

По тој натпревар беше повеќе од бесен и тогаш не се плашеше да го каже тоа што има.

„До финалето играв во секоја рунда за да му помогнам на тимот да стигне дотука, а сега играв само 20 минути, не знам баш…“, рече тогаш Гарначо.

Токму тие зборови го чинеа, па му беше кажано од Аморим да најде нов клуб, а истото важеше и за Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд, Антони и Маласија.

Синоќа, по натпреварот против Бенфика, Гарначо повторно се појави пред камерите и зборуваше за последните денови на Олд Трафорд.

„Тоа беа тешки моменти за мене, бев сам, тренирав сам. Но, немам ништо лошо да кажам за клубот, мојот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

Беше тоа грд момент во мојот живот, но сега сум среќен што сум овде и што играм во ова натпреварување, и што освоив три бода.

Кога бев мал, сонував да играм во Лигата на шампионите и еве сега тоа го исполнив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао му се извинувал на Модриќ пред целиот „Сан Сиро“ – позната е причината зошто!

Рафаел Леао на натпреварот на Милан против Наполи на Сан Сиро направи потег што ги воодуше…