Дома Фудбал Немаше спиење за фудбалерите на Ливерпул: Ултрасите на Галатасарај направија хаос среде ноќ (Видео)

Немаше спиење за фудбалерите на Ливерпул: Ултрасите на Галатасарај направија хаос среде ноќ (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул се соочија со непријатно искуство во Истанбул како вовед во вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Галатасарај, кој е закажан за 21:00 часот.

Имено, навивачите на турскиот гигант преку ноќ направија спектакл со огномет пред хотелот каде што е сместена екипата на Арне Слот, со цел да им го нарушат сонот пред важниот меч.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


На социјалните мрежи се појавија видеа направени околу 2:00 часот наутро, кои го прикажуваат небото над хотелот како се осветлува од ракетите и силниот звук на експлозии.

Целта беше јасна – да се наруши сонот и одморот на играчите на Ливерпул, меѓу кои блескаат ѕвезди како Мохамед Салах, Александер Исак и Флоријан Вирц.

Ваков “пламен дочек” е само сигнал за она што го чека англискиот тим вечерва на преполниот стадион Рамс Парк, каде Галатасарај традиционално има огромна поддршка од своите навивачи.

Истанбул е познат низ целиот свет по својата страсна фудбалска публика, а атмосферата на дербијата помеѓу турските гиганти Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ се смета за една од најжестоките во фудбалот.

Вечерашната пресметка носи значаен влог за двата тима, и ќе биде интересно да се види дали оваа „тактика“ на домашните навивачи ќе има влијание на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше отпишан, па вратен во составот: Аморим изненади со последниот потег!

Изгледа како да е само прашање на време кога управата на Манчестер Јунајтед ќе го отпушти …