
Легендарниот Германец Јирген Клоп призна дека во овој момент не размислува за враќање во тренерските води.
Во интервјуто кое го даде, Клоп дискутираше за различни теми, но за неговите обожаватели најзначајна беше можноста за неговото враќање, која очигледно не е на повидок.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Тој го објасни и зошто воопшто не му недостига тренерската работа.
“Во речиси 25 години, присуствував на две венчавки – на мојата и на уште една пред два месеци. Во истиот период, всушност бев четири пати во кино и тоа сите четири пати во последните два месеци. Прекрасно е кога човек може да се наслади со вакви мали задоволства. Не сакам веќе да работам како тренер. Така мислам сега, но никогаш не знаеш. Имам 58 години. Ако на 65 одлучам да се вратам и вие кажете “рече дека нема да се вратиш”, се извинувам, но така верував тогаш 100%. Така размислувам сега. Ништо ми недостига. Во мојата кариера имало успешнија од мене, но јас го постигнав сè што сакав”, рече Клоп.
Во својата кариера, Клоп постигна најголеми успеси со Борусија Дортмунд и Ливерпул, освојувајќи две Бундеслиги, Премиер лига и Лига на шампионите, иако загуби и три финалиња, што исто така го прокоментира.