Дома Фудбал Лапорта ги израдува навивачите: Важен потпис во Барселона, клаузулата е 500 милиони евра!

Лапорта ги израдува навивачите: Важен потпис во Барселона, клаузулата е 500 милиони евра!

Како што беше објавено во текот на минатата недела,Барселона официјално го соопшти обновувањето на договорот на младата надеж Марк Бернал.

17-годишниот фудбалер потпиша нов договор со клубот ова лето, со новиот договор кој важи до 2026 година.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Сепак, Барса сега понуди подобрени услови на младиот талент од Ла Масија до 2026 година, а исто така обезбеди опција за продолжување на договорот за уште три години, што ефективно го врзува за клубот до 2029 година.

Покрај тоа, Барселона внесе огромна откупна клаузула од 500 милиони евра во договорот на младиот играч од средниот ред.

„ФК Барселона и Марк Бернал постигнаа договор за прилагодување на договорот на играчот, кој го врзува со клубот до 30 јуни 2026 година, кога завршува неговиот статус како играч до 19 години, со можност за три дополнителни години,“ се вели во соопштението од клубот.

„Откупната клаузула е утврдена на 500 милиони евра.“

Овој потег претставува голема доверба и поддршка од Каталонците во способностите на младиот играч, кој претрпе тешкаа повреда на коленото поради која помина една година надвор од терените, а се врати на почетокот на оваа сезона..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни без милост: Немам доверба во Аморим, душата на клубот исчезна

Легендата на Јунајтед отворено го критикуваше менаџерот и играчите по новиот пад. Руни твр…