Дома Фудбал Директорот на Баерн за фудбалерот кој одлично тргна во Премиер лигатаа: Им честитам, најдоа идиоти да платат толку!

Директорот на Баерн за фудбалерот кој одлично тргна во Премиер лигатаа: Им честитам, најдоа идиоти да платат толку!

Додека изгледаше дека 23-годишниот фудбалер ќе остане во Германија, Њукасл се согласи да плати 85.000.000 евра и дополнителни бонуси.

Директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, ги нарече челниците на Њукасл „идиоти” затоа што одлучиле да платат 85.000.000 евра за трансферот на Нико Волтемаде од Штутгарт.

Ова лето Баерн се обидуваше неколку пати да го донесе Волтемаде и испрати неколку понуди, последната беше околу 60.000.000 евра, но Штутгарт одби да го продаде играчот за сума помала од 75.000.000 евра.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Додека изгледаше дека 23-годишниот фудбалер ќе остане во Германија, Њукасл се согласи да плати 85.000.000 евра и дополнителни бонуси.

“Можам само да честитам на Штутгарт што најдоа, како да кажам, идиот што ќе плати толку многу пари, бидејќи ние дефинитивно не би го направиле тоа. Кажав: ‘Стигнавме дотаму што тоа повеќе не е прифатливо. Не би требало да ги исполнуваме сите нивни барања'”, изјави Румениге за германските медиуми, објави сајтот Гол.

Тој додаде дека овој трансфер покажува колку Премиер лигата е финансиски развиена, оставјќи ги клубовите од Бундеслигата немоќни да го следат нивниот трошочен капацитет.

Легендата на германскиот фудбал ги обвини играчите и нивните агенти за промената на динамиката на трансферите. 

“Играчите и нивните агенти мора да бидат внимателни да не паднат во сопствената замка. Парите мора некаде да дојдат, а тоа доаѓа преку проширување на натпреварувањата или создавање нови”, кажа Румениге. 

Баерн исто така ова лето понуди 100.000.000 евра за напаѓачот од Баер, Флоријан Вирц, но клубот од Леверкузен ги одби и прифати 125.000.000 евра од Ливерпул.

Румениге изјави дека овие трансфери покажуваат дека клубови кои се во сопственост на милијардери или држави го изобличуваат пазарот и додаде дека не би смеело фудбалот да биде единствената индустрија во светот што губи пари.

Тој истакна дека е загрижен за Бундеслигата и дека клубовите и играчите треба да разговараат пред да стане предоцна. 

“Треба да седнеме на маса и сериозно да разговараме за тоа што можеме да направиме заедно. Не е како некој веднаш да истрча до Европскиот суд за правда во Луксембург по состанокот и да поднесе тужба”, истакна Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави ги одби Арапите, сака да води голем клуб

Чави Ернандес е еден од сериозните кандидати за клупата на Ал Итехад, но Шпанецот засега н…