
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела ќе настапи на Челинџер турнирот во турски Самсун, каде што конкуренцијата ќе биде значително посилна од досегашните турнири на кои настапуваше. Прв носител на натпреварувањето е Французинката Ракотоманга Ражаона, моментално 127. тенисерка во светот.
Ждрепката не и беше наклонета на Ѓорческа – во првото коло ќе и се спротивстави поранешната светска број еден, Каролина Плишкова од Чешка, која настапува со специјална покана. Иако во моментов е надвор од топ-1000, Плишкова до лани беше 40. на ВТА листата и зад себе има дури 17 титули во елитната конкуренција, како и лидерска позиција на светската ранг-листа во периодот од јули до септември 2017 година.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Ѓорческа се наоѓа на 198. место на ВТА ранг-листата, но поради тоа што не настапи минатата недела, ќе забележи пад од уште 13 позиции. Покрај во сингл, таа во Самсун ќе игра и во конкуренција на двојки, во партнерство со турската тенисерка Чагла Бујукакчај.