Дома Фудбал Бразилски новинар: Нејмар е зависник од виски, пуши и притоа легнува да спие во 5 наутро

Бразилски новинар: Нејмар е зависник од виски, пуши и притоа легнува да спие во 5 наутро

Новинарот Родолфо Гомез изнесе низа шокантни обвинувања за славниот Бразилец Нејмар.

Гомез, на својата платформа за време на живиот пренос ги претстави фудбалерот на Сантос како неодговорна личност која е зависна од алкохол и ноќен живот.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Бразилецот некогаш важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот. Имаше сјајни моменти во Барселона и Пари Сен-Жермен и многумина сметаа дека сигурно ќе ја добиеше Златната топка ако не се случеше во ерата на Меси и Роналдо. За жал, последните години не е ни бледа сенка на играчот кој своевремено со своето фудбалско умеење ги воодушевуваше навивачите насекаде во светот.

Во јануари оваа година се врати во својот матичен клуб Сантос по неуспешната епизода во Саудиска Арабија. Фановите веруваа дека ќе успее да ја оживее кариерата, но тоа не се случи. Во последно време се мачи со повреди, па не го гледаме толку често на теренот.

Бразилскиот новинар Родолфо Гомез откри дека Нејмар нема да го видиме како игра фудбал до крајот на годината, a покрај здравствените проблеми, Гомез изрази загриженост и за навиките што Нејмар ги практикува надвор од теренот. Според неговите тврдења, фудбалската ѕвезда усвоила рутина која никако не се препорачува за професионални спортисти.

Новинарот тврди дека Нејмар е зависен од виски кое редовно го меша со енергетски пијалоци. Секој ден пуши наргиле и се забавува до доцна во ноќта, па на спиење оди околу 4-5 часот наутро.

Повикувајќи се на извори блиски до Нејмар, Гомез открива дека тренинзите на Сантос започнуваат подоцна бидејќи Бразилецот останува во клубовите до доцна во ноќта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Продажба на Тотенхем: Инвеститор понудил и „бонус“ од 1,2 милијарди за составување на моќен тим

Сѐ погласни се шпекулациите дека Тотенхем ќе биде продаден. Одлуката на Даниел Леви да зам…