Дома Фудбал Како успеа Алонсо да го „разбуди“ Мбапе?

Како успеа Алонсо да го „разбуди“ Мбапе?

Килијан Мбапе станува комплетен играч, и сето тоа благодарение на Чаби Алонсо. Промените во неговата игра се видливи на прв поглед, но исто така и во статистичките параметри.

Кога Килијан Мбапе пристигна во Реал Мадрид во 2024 година, многумина се сомневаа дека некогаш ќе биде повеќе од класична машина за голови.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Неговиот напаѓачки талент никој никогаш не го доведе во прашање: 44 погодоци во дебитантската сезона се потврда за тоа.

Меѓутоа, критичарите укажуваа на неговата мрзеливост да брани и на склоноста да исчезне од игра кога Мадрид нема топка.

Денес, под водство на Алонсо, таа перцепција полека, но видливо се менува.

Шпанскиот тренер, познат по неговиот пристап, јасно порача дека притисокот и дефанзивната одговорност се задолжителни. Мбапе, можеби за првпат во кариерата, целосно ја прифаќа оваа филозофија.

Најдобар пример беше виден во победата над Марсеј во Лигата на шампионите. Французинот не само што два пати постигна голови, туку беше и „прв дефанзивец“ на Реал.

Водеше притисок, го спречуваше развојот на нападите на противникот и се враќаше длабоко во својата половина.

Бернабеу со исто толкави овации го награди неговиот спринт во 73. минута како и постигнатите голови. Навивачите отсекогаш сакаат да видат борба.

Ова е верзија на Мбапе која Луис Енрике никогаш не успеа да ја „отклучи“ во Париз Сен-Жермен.

Познат е видеото каде Енрике зборува настрана со Мбапе. Меѓутоа, Килијан под негово водство никогаш не стана тоа.

И статистиката ја потврдува промената. Оваа сезона во Ла Лига, Мбапе во просек одзема 2,5 топки по натпревар, во споредба со нешто повеќе од една минатата година.

Неговите спринтови со висок интензитет за затворање на противникот исто така се во пораст, а иако „процентот на одење“ (77%) не е значително намален, дефанзивните интервенции станаа понавремени и поодлучни.

Истовремено, неговата напаѓачка брилијантност не ослабе – напротив, уште е поостра. Мбапе изгледа поопасно од кога било порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Напаѓачот на Ливерпул, сепак, не добил казна поради црвениот картон

Иако англиските медиуми пишуваа дека Ливерпул ќе го казни напаѓачот Хуго Екитике со одзема…