
СЕРХИО БУСКЕТС, еден од најдобрите играчи на средина од теренот во историјата на фудбалот, најави дека ќе се повлече од активното играње по завршувањето на сезоната со својот клуб Интер Мајами. Легендарниот 37-годишник, кој со својот тим веќе обезбеди учество во плејофот на МЛС, ја сподели оваа одлука со јавноста преку емотивно видео на социјалните мрежи, пишува Марка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
“Ова ќе бидат моите последни месеци на теренот. Чувствувам дека дојде времето да се простам од мојата кариера како професионален фудбалер. Скоро 20 години уживав во оваа неверојатна приказна за која секогаш сонував”, изјави Бускетс.
Во својата објава изрази благодарност кон сите кои биле дел од неговиот пат. „Се повлекувам со многу среќа, гордост, исполнетост и пред сè, благодарност… Голема благодарност до сите, се’ најдобро“, заклучи тој.