Дома Фудбал УЕФА може да направи револуција во преносите: Лига на шампиони ќе гледаме на Нетфликс?!

УЕФА може да направи револуција во преносите: Лига на шампиони ќе гледаме на Нетфликс?!

Според извештајите, УЕФА е подготвена да направи значителна промена во емитувањето, што може да доведе до тоа Лигата на Шампиони да се прикажува на „Нетфликс“.

Европското елитно клупско натпреварување носи милијарди фунти приход на УЕФА секоја сезона, со околу 100 различни емитувачи ширум светот кои купуваат различни пакети.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Сепак, според Bloomberg, управното тело на европскиот фудбал сака да воведе измена во начинот на продажба на пакетите со цел да привлече стриминг провајдери како Амаазон и Нетфликс.

Претходно, главните пазари се продаваа на емитувачите во различно време, што доведе до раст на бројот на компании кои ги прикажуваат натпреварите.

Во извештајот се вели дека УЕФА сака да им овозможи на емитувачите и стриминг компаниите да се натпреваруваат за повеќе пазари истовремено, нешто што беше тешко со старите регулативи.

Како дел од овој нов процес, тоа би можело да значи дека еден единствен емитувач добива ексклузивни права за глобално емитување на натпреварите.

Во меѓувреме, УЕФА ја разгледува можноста за потпишување подолгорочни договори со емитувачите за нивните пакети.

Договорите моментално траат околу три години, што УЕФА го воведе пред повеќе од 20 години под притисок од Европската комисија за да ги ограничи и да ја зголеми конкуренцијата.

Тендерите за процесот на лицитирање од 2027 па натаму се очекува да бидат испратени од страна на УЕФА во наредните недели.

Потегот да се привлечат компании како Нетфликсс доаѓа откако стриминг гигантот е заинтересиран да додаде големи спортски настани на својата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе награди една од ѕвездите со побогат договор

Англискиот шампион Ливерпул ќе го награди холандскиот играч од средниот ред Рајан Гравенбе…